ВМРО-ДПМНЕ-Охрид: „Локалната за кратко време покажа видливи резултати“

Портпаролот, Никола Митровиќ, вели дека граѓаните препознале дела во работењето на локалната.

 |  Мишел Наумоски  | 
Mitrovic
Митровиќ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, денес на прес конференција ја потенцираше тежината на проблемите со кои новата локална самоуправа се соочила при преземањето на мандатот. Портпаролот, Никола Митровиќ вели дека граѓаните на Охрид, во изминатава година имале можност да сведочат на макотрпната работа на локалната самоуправа.

„НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за спасување на градот Охрид од банкрот. НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за подобра иднина  на градот Охрид. И токму поради ваквите обврски, ВМРО ДПМНЕ со Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески во сите сегменти од функционирањето на градот за многу краток период покажа видливи резултати. Резултати кои не успеавме да ги видиме во 8 годишното владеење на СДСМ со Охрид.“-вели портпаролот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ.

pres vmro dpmneМитровиќ порача дека ги знаат проблемите на граѓаните на Охрид и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која во целост ја презема обврската за решавање на истите.

„Одредени проблеми се решија за многу краток период … впрочем тоа најдобро може да се согледа од отчетот на градоначалникот Бакрачески за 2013 година! Напоменуваме во истрајноста и упорноста кон реализацијата на неопходните проекти : кон подобрување на локалната инфраструктура, подобрување на условите во образовниот систем, подобрување на туристичкиот и културен домен, изградба на витални објекти за градот, индустриски зони и голем број на други проекти…. кои се веќе започнати и преставуваaт само мотив повеќе за работа со што подинамично темпо. Реализацијата на дадените ветувања преставува основна разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и оние кои го уништија Охрид.“-рече Митровиќ.

Тој додаде дека Охрид е град кој ги препознава делата на ВМРО-ДПМНЕ и дека заедно со граѓаните на Охрид ќе одат кон нова победа на престојните избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top