Жителите од зградите кај болничкиот комплекс за да стигнат до дома треба да газат во кал, а навечер не им се гледа прст пред око зошто немаат улично осветлување.
На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.
Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба, не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.
Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не се решени овие горливи проблеми е што тешко оди процесот на експропријација бидејќи дел од парцелите се на сопственици кои живеат во странство.
Во наредните три месеци некаде до месец Мај треба повеќето од внатрешните улички да се пробијат и да се тампонираат. Тогаш ќе се стави и улично осветлување, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.
Џамтоски кажува дека набргу ќе се реши и проблемот со приклучувањето на зградите на канализациона мрежа. Портпаролот објаснува дека во овој комплекс 98% од водоводната и канализационата мрежа е завршена а пролетва ќе се направат и останатите приклучоци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град