Организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи не препуштаат ништо на случајот, па во трите олимписки села поделиле околу 100.000 кондоми за околу 2.900 натпреварувачи.
Организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи не препуштаат ништо на случајот, па во трите олимписки села поделиле околу 100.000 кондоми за околу 2.900 натпреварувачи.
Како една од причините за таквата одлука медиумите ја наведуваат и достапноста до бесплатен алкохол во центарот на селата каде се сместени олимпијците, па веруваат дека во моментите на опуштање може се да се случи.
Американскиот сноубордер во слоупстајл стил Џош Кристенсен говореше за медиумите во врска со тие гласини.
„Не гледав многу подалеку од нашата зграда во која сме сместени, но дефинитивно има преубави девојки. Секако кафитеријата е вистинското место каде може да се започне „играта“ . Не сум слушнал дека такво нешто се случило, но штотуку почнаа Игрите, има уште време“, изјави Кристенсен и додаде дека уште не ги видел кондомите поделени во селото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град