Почуствувај го здравиот рурален живот

Македонските земјоделци се чекор понапред од земјоделците од Р. Албанија. Ова е генералниот заклучок од работилницата за компаративна анализа и мапирање на традиционалните производи, која се одржа во Струга, во организација на Федерацијата на фармери на Р. Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 
zemjodelci
земјоделци

zemjodelciПочуствувај го здравиот рурален живот, проект на Македонија и Албанија. Двата соседи одржаа работилница на која го презентираа истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционалните производи во Македонија и Албанија. Вкупно 4 производи, два од македонска и 2 од албанска страна треба да бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, како што истакна претседателот на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија Андрија Секуловски.

Се зборува за неколку производи јас само таксативно ќе набројам кој се тие интересни производи во двете земји. Најчесто спомнувани беа во овие региони каде што сега се мапираат, тоа е јаболкото, гравот, кромидот, пиперката, лукот, грозјето, смоквата сливата итн и понатаму сакаме како резултат да добиеме овие производи да бидат посакувани од нашата целна група тоа се потрошувачите, понатаму тие производи да имаат своја додадена вредност за кој што цело време зборуваме дека треба таа додадена вредност да има профитабилно земјоделско стопанство.

zemjodelciПроектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, со средства во висина од 270 000 евра е финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија и е  имплементиран од страна на Федерацијата  на  фармерите на РМ и Албанскиот Земјоделски Совет. Претседателот на Албанскиот Земјоделски Совет Енвер Феризај, истакна дека ваквите работилници ја зацврстуваат соработката помеѓу двете земји во сферата на земјоделието и воопшто.

Целта на овој проект е да се поттикне соработката меѓу земјоделците кои што доаѓаат од двете гранични зони меѓу Албанија и Македонија. Заклучокот генерален е дека земјоделците од Албанија можат да научат многу од земјоделците од Македонија затоа што тие се чекор напред.

Придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено младите и жените фармери, но исто така и  за сите граѓани, институции и организации кои  работат за развој на земјоделството и руралниот развој. На средбата,  присуствуваа консултантските  компании ИДЕА ОК и ПРЕДА ПЛУС. Тие компании ги изработија студиите за мапирање на традиционални производи во Полог, Пелагонија, Дибра, Елбасан.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top