Бројни реакции по објавениот конкурс за давање под концесија на езерото

Еколозите и локалната власт се изјаснуваат против. Рибарите пак, сметаат дека идниот концесионер конечно ќе воведе ред во езерото.

 |  Тања Кувенџиска  | 
pastrmka
пастрмка

Еколозите и локалната власт се изјаснуваат против. Рибарите пак, сметаат дека идниот концесионер конечно ќе воведе ред во езерото.

Бројни се реакциите по минатонеделниот, објавен конкурс на Влдата за издавање на езерото под концесија за стопански риболов.
Ставовите се поделени. За едни, концесијата ќе предизвика трајни негативни последици врз опстанокот на пастрмката и белвицата. Според други, идниот концесионер конечно ќе воспостави ред и ќе го стопира неконтролираниот риболов.
Еколозите го повторуваат ставот- езерото да не се издава под концесија за стопански риболов поради еколошката катастрофа која му се случува последните неколку години.

„Да не се издава под концесија до 2014 година, за да во тој период од 8 до 10 години се обнови рибниот фонд. Потоа да се направи анализа од страна на Хидробиолошки завод и доколку и понатаму состојбата не е добра, мораториумот да се продолжи“, вели Лазе Наумоски од ЕД Грашница.

Според него, најдобро решение би било формирањето мешовито претпријатие кое би се грижело за заштитата и порибување на езерото. Би било составено од претставници од Македонија и Албанија.
Против издавањето на езерото под концесија е и локалната власт.

Ohridsko ezeroГрадоначалникот Петрески вели дека е против концесијата. Особено поради фактот што ваква значајна одлука Владата донела без никаква консултација со локалната власт.
За рибарите, кои егзистираат ловејќи риба, одлуката езерото да се издаде под концесија е оправдана. Според нив- идниот концесионер конечно ќе воспостави ред и ќе го спречи понатамошниот неконтролиран риболов.

„Сите видови риба ги има во езерото. Мораториумот е грешка. Во моментов 300 луѓе ја ловат пастрмката, дневно по еден тон риба. Сега воопшто нема контрола врз риболовот“, велат тие.

За потсетување, Владата минатата недела објави конкурс за давање под концесија на езерото за стопански риболов за период од 6 години. Во првите три години не е дозволен лов на охридската пастрмка и белвица. Висината на надоместокот за концесијата изнесува над 8 милиони денари. Право на поединечно учество на конкурсот имаат и странски лица.

 

 

 
loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top