Сеуште нема нови столбчиња на премините на бул. Туристичка и Железничка, каде несовесни граѓани ги уништиле ваквите препреки.
Надлежните иако најавија дека експресно ќе бидат санирани уништените препреки камерата на ТВМ денес регистрира само еден камен поставен во лежиштето на едно од столбчињата на Туристичка.
Како што ТВМ пред една недела поточно на 5 ти февруари информираше, на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари дел од столбчињата се откорнати. Таквата состојба ја злоупотребуваат возачите, посебно таксистите и често преку тие острови недозволено преминуваат од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваат безбедноста на учесниците ов сообраќајот.
Од Локалната Самоуправа тогаш за ТВМ изјавија дека се запознаени со проблемот. Портпаролот Џамтоски најави дека во најкус можен рок односно на 06. и 07. февруари ќе бидат поставени нови столбчиња на местото на уништените. ТВМ во интерес на јавноста и безбедноста во сообраќајот и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе укажува и информира.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град