СДСМ ни остави милионски долгови, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

СДСМ осум години можеше да покаже на дело убави работи за Охрид, а остави само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира штетите од владеењето на СДСМ, рече Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vmro dpmne
вмро дпмне

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обнови својата пракса за одржување пресс конференции. Денес проговорија на повеќе актуелни теми. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека сведоци сме на  безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ. Како што портпаролот подвлече тие осум години можеле да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставиле само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие, рече Митровиќ се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира.
никола митровиќ

Ако ги напаѓате зафатите во културата ,сетете се дека СДСМ 8 години ништо не направи за да го збогати културниот сектор во градот. Ако напаѓате за спортот сетете се дека СДСМ немаше вложувања во спортот во Охрид во изминативе години. Ако напаѓате за еколошката политика ,сетете се дека СДСМ немаше ниту една еколошка активност. Ако напаѓате за урбанизација сетете се дека СДСМ со своите одлуки урбанистички го искасапи Охрид, рече портпаролот

Ваквите испади на СДСМ ги толкуваме како очајнички обиди за ситни партиски поени кон престојните избори. Но ниту ваквите обиди нема да ги спасат од уште една поразителна битка во која уште еднаш ќе се потврди погубната политика на СДСМ како на локално така и во државно ниво, рече Митровиќ

ВМРО ДПМНЕ успева во сите аспекти на општеството да создаде услови за прогрес и просперитет и токму поради тоа ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка опција која своите ставови ги темели исклучиво врз потребата на граѓаните. Токму поради тоа потенцираме дека во услови кога секојдневно неосновано се напаѓа врз ВМРО ДПМНЕ, ќе  продолжиме и понатаму кон реазлизација на ветувањата и кон создавање на услови за подобар живот.Тоа е нашиот мотив од кој не отстапуваме, рече Митровиќ.

Портпаролот Митровиќ вети и понатаму редовни пресс конференции на актуелни теми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top