Градоначалникот ги информирaше градските татковци
за сите проекти кои се во тек
На денешната седница на градски татковци и локалниот економски совет се дискутираше за реализација на капитални инвестиции и развојни планови на Општина Охрид. Стана збор за изградбата на градската марина, ски центарот на Галичица, се продискутира и за моменталната состојба со проектот Мауцкер. Градоначалникот Никола Бакрачески градските татковци ги запозна и со најновите сознанија од неодамнешната посета на автокамповите во градов. Се зборуваше за нивната состојба и планови. Стана збор и за изградба на пензионерски дом, како и за плановите за субвенционирање на авио летовите. Бакрачески рече дека за развојот на градов од големо значење е мислењето на стручњаците кои се дел од овој совет.
На денешниот состанок беше презентирана и најновата брошура Инвестирај во Охрид, а во иднина градоначалникот најави дека на овие состаноци ќе бидат поканети и сите оние граѓани кои имаат да понудат свој имот кој би бил интересен за идните инвеститори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град