ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца.

Со Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, предвидено е истражување за еколошката состојба во Општина Дебарца, проект кој започна денес, а ќе трае до 21.03.2014 година.
Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе земат учениците од основното училиште „Дебарца“ со подрачните училишта од с.лести, с.Лешани и с.Велмеј, во зедничка акција со родителите и жителите на Општина Дебарца.
Предвидените активности како поставување канти означени според содржината на отпадот, собирање семенски материјал, одржување јавна трибина за едукација на населението, делење флаери со еколошки пораки, расчистување диви депонии, сортирање на отпад и рециклирање на истиот ќе бидат дел од предвидениот проект „Заедно до почиста Општина“.
Носителите на проектот се надеваат дека со негова реализација, ќе придонесат навистина да проработи еколошката свест кај населението во Општина Дебарца, затоа што екологијата и еколошката свест се приоритети кај современиот човек, особено во услови на нарушен еко-баланс меѓу човекот и животната средина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град