Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“ како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста.

Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“.
Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на повеќе од неопходниот ламинат за дневниот центар „Добротељубие“ кој функционира во рамките на Црквата „Св. Ѓорѓија“. Во овој дневен центар се згрижени петнаесет дечиња со посебни потреби, простор на кој повеќе од неопходен му е нов под.
Ова е прекрасна можност младите охриѓани на уникатен начин на саканите да им го честитаат празникот на љубовта, а воедно да направат и еден хуман гест со кој ќе помогнат во обезбедување подобри услови за штитениците од дневниот центар „Добротељубие“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град