Започнуваат 22-те ЗОИ во Сочи

Незаборавното седумнаесетдневно дружење со Зимските олимписки игри почнува денеска.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Како што е најавено, во Сочи ќе се појават 2.860 спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните игри во Ванкувер, во 2010 година.

SochiСпортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини, а ќе бидат поделени 98 комплети медали.

Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти: Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска.

За Дамјановски, нашиот нордиец, кој воедно ќе го носи и знамето на Македонија на свеченото отварање, ова е трето учество на олимписки игри, додека за алпскиот скијач Ристевски ова е втор настап.  Младата Колароска, со своите 16 години ќе дебитира во Сочи, и тоа во нордиските дисциплини.

Олимпискиот факел веќе го осветлува Сочи, но традиционално во тајност се чува името на последниот што ќе со носи и ќе го запали олимпискиот оган.

Најавено е дека на отворањето на игрите во Сочи ќе присуствува и претседателот Ѓоѓе Иванов.
Натпреварувачкиот дел од игрите започна вчера квалификаците натпревари во сноуборд, во слободно скијање и во уметничко лизгање, а ќе продолжи до 23 февруари.

Проценките велат дека ова ќе бидат најскапите Зимски олимписки игри досега одржани, бидејќи организаторот во инфраструктурата и организацијата потроши околу 50 милијарди долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top