Велат дека е добро да се знае како да се реагира во ситуации кога треба да се укаже прва помош.
Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид.
Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се случат во секојдневниот живот. Според наставниците кои што учествуваат на курсевите, тие за нив се од големо значење.
„Имајќи во предвид дека работиме во средина со многу деца, подложни секој ден на секакви ризици, одлучивме вака малку повеќе да се обучиме и да знаеме како да изреагираме во ситуации кои не затекнуваат на работното место, па и во домот и насекаде. Инаку денес е вториот ден од нашата обука каде малку повеќе практично работевме, тренерите се извонредни, условите за работа исто така, и мислам дека искуствата стекнати од оваа обука ќе ни бидат од големо значење понатаму.“-вели професорот Јованка Љаткоска, од ОУ „Братство Единство“.
Од Црвениот крст велат дека веќе имаат искуство со спроведување на вакви курсеви бидејќи тие се спроведувале и минатата година во сите охридски училишта.
„Во текот на овие 12 часа, или овие три дена, наставниот кадар, односно учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со сите специјални повреди кои постои веројатноста да се случат во реална ситуација, почнувајќи од епилепсија, средба со лице кое страда од дијабе, како кај него да се укаже помош, доколку би се случило нешто, анафилактичен шок, мозочен удар, срцев удар, ангина пекторис, за сите овие повреди постојат видеа, документирани материјали, така да ќе им бидат навистина доближани.“-рече Младен Божиновски, од Црвениот крст од Охрид.
Инаку ова е веќе втора година како се спроведуваат вакви обуки за укажување на прва помош, а досега биле обучени околу 120 наставници од сите училишта од градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град