Беше одржана и литературна беседа во чест на Прличев од страна на Друштвото на писатели од Охрид, а цвеќе пред бистата на поетот, положи и правнуката на Прличев, Олга Прличева.
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“, денес, со еден свој несекојдневен проект, му укажа достојна почит на големиот великан на охридската, македонската и светската литература, Григор Прличев. Во рамките на одбележувањето на 6ти Февруари, беше промовирано аудио ЦД на кое се запишани досега малку познати детали од животот на Прличев се до објавувањето на неговата монументална поема „Сердарот“.
„Цеде-то е многу квалитетно изработено, изработувач беше Славчо Спростран и веднаш штом прифати да го направи, да го изработи, јас бев сигурна дека ќе добиеме квалитетен производ. Цеде-то не е во еден примерок, го има во доволно голем број примероци, што значи дека истото, ќе биде технички обработено и внесено во копи-системот и нашите читатели веќе од утре ќе можат да го изнајмуваат.“-рече директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“, Александра Белеска.
После презентацијата на ова аудио це-де, беше одржана и традиционалната „Охридска визита“ на која присуствуваа истакнати луѓе од општествениот, културниот и политичкиот живот во градов.
Во рамките на чествувањата на Прличев, беше одржана и литературна беседа пред бистата во дворот на библиотеката „Григор Прличев“, каде беа положени ловоров венец и свежо цвеќе од повеќе претставници од локалната самоуправа, од Друштвото на писатели од Охрид, а дел од целата манифестација беше и правнуката на Прличев, Олга Прличева.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град