Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.
Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.
Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.
Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид, бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и замену- вање на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“.
Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање од доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија против должникот АДГ „Трудбеник“.
Такви извршни дејствија, пријавениот извршител планирал да преземе и во три други станови во зграда 1 во населбата „Расадник“ иако уредно бил запознаен дека за сите четири станови.
Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија, за забрана на преземање на натамошни дејствија за проценка, одтуѓување и продажба на четирите стана.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град