Излезе брошурата Инвестирај во Охрид

Инвестирај во Охрид. За прв пат во општина Охрид излезе брошура која нуди можности за инвестирање во туризмот, агробизнисот, недвижности, градежната индустрија и др. Стручните служби на Локалната самоуправа и Секторот за туризам и локален економски  развој кои ја изготвија брошурата, пофалени од првиот човек на градот

 |  Николоска Биљана  | 
brosura
брошура

bakraceskiОфицијална промоција на брошурата „Инвестирај во Охрид“. Преку оваа брошура домашните и странски инвеститори добиваат можност на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за инвестирање во општина Охрид, на локалитетите, на индустриските капацитети, како и на плановите и развојните стратегии на општина Охрид, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што го постигнавме во изминатиот период во насока на изработка на оваа брошура и мислам дека сме единствената општина во Р. Македонија која што изработила своја сопствена брошура за инвестирање во Локалната самоуправа“– вели Бакрачески.

Со брошурата „Инвестирај во Охрид“  успеавме да ги систематизираме сите податоци кои ги поседува општина Охрид во однос на локациите кои што се во нејзина надлежност, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Локален економски и туристички развој.  
Додаде дека иницијативата потекнала од бројните остварени средби со потенцијалните инвеститори.

brosura„Инаку во ова брошура сега засега имаме 12 проекти од областа на туризмот 2 од агробизнисот, 5 од инфраструктурата 2 индустриски зони и една Браунфилд инвестиција. Во наредниот период се надевам дека оваа бројка од една страна ќе се зголемува во однос на прибирањето на нови проекти а од друга страна ќе се намалува во веќе инвестирањето во овие кои што ги имаме и сметам дека на овој начин се олеснува пристапот на потенцијалните инвеститори до сите оние проекти кои што ги нудиме. Брошурата може да се најде во електронско издание на веб страната на општина Охрид а како што кажав преку Агенцијата за странски инвестиции ќе се нуди до сите заинтересирани страни, односно преку економските промотори во амбасадите на Р. М во светот“ – нагласи Апостолов.

Од Локалната информираа дека Охрид има неограничени можности за инвестиции во туризмот. Веќе имало најави за инвестирање во хотели и хотелски објекти, најава за инвестиции во објекти од здравствен туризам, а за брзо време престоело и реализација на еден до две странски инвестиции кои не само што ќе обезбеделе локален економски раст туку и ќе креирале и многу работни места во општина Охрид.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top