Отворени денови на катастар во Охрид

Отворени денови на катастар во Охрид. Утре и  задутре односно 5 и 6 февруари, охриѓани ќе можат непосредно пред претставниците на Катастар да ги презентираат своите проблеми.

 |  Николоска Биљана  | 
katastar
катастар

Агенцијата за катастар на недвижности и годинава продолжува со своите активности во рамките на веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. katastarДиректорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески на 05 и 06 февруари од 09 до 16 часот, заедно со тим од стручни лица од Секторот за внатрешна контрола ќе биде во посета на Охрид и Струга во своите подрачни единици. Според неговата агенда, директорот Трпески ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачните одделенија на тема дигитализација на катастарските општини и нивната важност.

Исто така од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека со цел да се подобри и интензивира комуникацијата со медиумите во насока на унапредување на принципот на отвореност и транспарентност, од први овој месец, назначено е лице за контакт со медиумите, односно Магдалена Талеска, советник организатор на работата на директорот која доаѓа на местото на досегашниот портпарол Валентина Христова Стефановска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top