Проблемите на Јан Торп

Олимпискиот великан, австралискиот пливач Јан Торп, се наоѓа во клиника за одвикнување од алкохол и лекување од депресија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ian Thorpe
Јан Торп

Олимпискиот великан, австралискиот пливач Јан Торп, се наоѓа во клиника за одвикнување од алкохол и лекување од депресија.

Ian ThorpeЧленовите на неговото семејство открија дека минатата седмица Јан Торп полесно се повредил при пад во својот дом, а потоа станало јасно дека бил под големо дејство на алкохол. Бил хоспитализиран во клиника во Сиднеј, каде ќе остане во наредниот период под строг надзор.

Јан Торп има освоено пет златни олимписки медали, три сребрени и еден бронзен медал на ЛОИ. На светските првенства има освоено 11 златни и по едно сребрено и бронзено одличје, а во свое време беше најмладиот пливач кој урна светски рекорд, на свои 16 години и 10 месеци. Подоцна овој рекорд го урна Американецот Мајкл Фелпс.

Сепак, по завршувањето на фантастичната пливачка кариера, Јан Торп се оддаде на алкохолот, порок со кој се уште се бори…

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top