Отворен ден во ФЗО, Струга

Стружани во подрачната единица на ФЗО остварија средба  со директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Подрачната единица во Струга е една од ретките во земјава за која што имавме можност да ги слушнеме најпозитивните коментари за работата, од страна на граѓаните, истакна Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот.

 |  Николоска Биљана  | 
fzo struga
фзо струга

fzo strugaОтворен ден во ФЗО, Струга. Осигурениците  остварија директни средби со претставниците на Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица како и со Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Цветковиќ покрај што бил запознат со работата на службите, пријатно бил изненаден како што и самиот кажа од коментарите на осигурениците кои изразиле задоволство од работата на подрачната единица во Струга во секој поглед.

„Фондот е транспарентен, отворен во секое време за секое прашање, можам да ги кажам и тел броеви кои можат да ги свртат граѓаните од сабајле па се до 20 часот навечер 0800 33 222 и од 12 часот на полноќ до 08 часот изутрина 076 339 180. значи слободно за секоја нејаснотија за секоја услуга може да си прашаат на овие телефони и ќе добијат соодветен одговор.“

fzo struga„Ние постоиме и служиме за осигурениците“, истакна раководителот на подрачната единица на ФЗО Струга, Коста Фармакоски. Тој најави дека подрачната единица на Фондот во 2014 година ќе примени низа предности со цел да им се олесни работата на осигурениците.

„Сите подрачни служби ќе бидат целосно централизирани, поврзани. Тоа значи дека сите приватни и јавни здравствени установи ќе вршат со електронското здравствено осигурување што се постигна и со електронските картички, директно електронско фактурирање до подрачните служби. Друга предност е што сите осигуреници ќе бидат пријавени и одјавени во Фондот без да доаѓаат во Фондот преку електронските картички.“

Раководителот на подрачната единица на ФЗО, Струга, апелира до сите осигуреници доколку имаат било каква забелешка од здравствени установи посебно во поглед на наплата на партиципација, слободно да се обратат до Фондот за да им бидат кажани нивните права како осигуреници и доколку се наложи потреба и дел од средствата кои што ги дале да им бидат рефундирани. Инаку ФЗО сеуште работи на издавање на здравствени картички. Во Струга има 48 000 осигуреници од кои на 37 000 веќе им биле дистрибуирани електронските картички. Во подрачната единица има 3000 картички кои треба да ги подигнат осигурениците, 5000 чекаат да се испечатат а само 2500 од осигурениците не поднеле апликација.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top