• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“

На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“

На градското пристаниште веќе започнаа подготвителните работи за поставувањето на камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

 |  Јаковлева Лионела  | 
спомен обележје
spomen obelezje

 

В петок, на верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Свечениот чин ќе се одржи во 12 часот, а споменикот ќе биде осветен од стана на свештеници на МПЦ  во присуство на сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и донаторот Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора“ Инженеринг.spomenik Ова било договорено на средбата помеѓу донаторот на споменикот кој беше кум на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер Стефан Орачески со претставници на општина Охрид и здружението Богојавление. Денес на градското пристаниште веќе започнаа подготвителните работи за поставувањето на камен темелникот.

Инаку како идејно решение за спомен обележјето за Водици, на конкурс беше избрана скулптурата „Фаќач на крст“, дело на авторот Ангел Коруноски од Велес.
Скулптурата ќе биде изработена од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставена на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Висината на скулптурата ќе биде околу 3 и пол метри а постаментот ќе биде висок околу 2 метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top