Грозданов: Ако Трудбеник не плати ги земаме становите

Ако Трудбеник не го исплати долгот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, 5 те стана на ул. Карпош Војвода ќе бидат одземени, изјави денес на прес конференција Цветко Грозданов, директорот на АД.

 |  Николоска Биљана  | 
spor karpos
спор карпош

Само цврста гаранција на Градежната Фирма  Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот.

spor karpos„Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во овој проблем дека тенденцијата и намерата не е да овие граѓани останат без кров на главата, него напротив би дакал да укажам на тоа дека денеска и утре ќе се потрудам да остварам уште една средба со фирмата Трудбеник па да видиме и да изнајдеме заедничко решение за решавање на овој проблем

Грозданов истакна дека проблемот нема да стигнел до извршител доколку инволвираните станари во даден временски рок не постапиле согласно Законот за стекнување на недвижности, односно не извадиле имотен лист кој пак е гаранција за сопственоста на станот. Грозданов повеќе пати нагласи дека не очекувал како единствен имот на Трудбеник да се јават точно тие пет станови. Додека пак во врска со забелешката на станарите па и на сопственикот на АД Трудбеник, дека извршителот погрешно ја води постапката,  Грозданов со став.

spor karpos„Извршителот треба да си го почитува законот за извршувањето тоа не е мое да го коментирам и јас само знам дека по основ на тужбата морав да пристапам кон овластување на извршител кој што ќе го наплати долгот од ГФ Трудбеник. Секој одговоара за своите постапки секој треба да ги почитува законите така и извршителите треба да ги почитуваат законите, доколку не ги почитуваат има санкции одземање на лиценци.

Имено во текот на вчерашниот ден кога станарите јавно проговорија за проблемот со кој се соочуваат, сопственикот на АДГ Трудбеник Ацо Спироски изјави дека е подготвен со друг имот да гарантира пред јавното претпријатие со цел да граѓаните да ги задршат становите кои ги плариле а се предмет на извршување.

„Стојам зад станарите со сета поддршка со сета чистота како фирма како обврска спрема нив од мене земале станови ги платиле си се вселиле сум дал записник владение“.

Доколку Трудбеник не успее да го подмири долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, 5 те охридски фамилии ќе останат без своите станови кои уредно ги платиле уште пред 4 години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top