Започна вештачкиот мрест на пастрмката

Вештачкиот мрест на охридската пастрмка Охрид 2014 започна од Радожда, струшко. Владата на Р. Македонија годинава ја дуплира финансиската поддршка за мрестот на пастрмката во споредба со минатата година и одвои 13 милиони денари од буџетот.

 |  Николоска Биљана  | 
pastrmka
пастрмка

pastrmkaСтрушкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка.

„Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека Владата директно со финансиска поддршка и конкретни мерки се залага да го зачува еко системот на Охридското Езеро, посебно пастрмката која е ендемичен вид. Додаде дека за време на мрестот надлежните треба будно да ја следат состојбата со езерото од двете страни.

pastrmka„Ова е период каде што треба исклучително да биде посветена рибочуварската служба како на самите концесионери така и на државниот инспекторат на земјоделие. И ние како инспекторат не остануваме пасивни мора да бидеме цел период активни а голема помош во сочувување на рибниот фонд е добрата соработка со сите кои на некој начин се инволвирани во заштитата на езерото.

Раководителот на подрачната единица Струга на концесионерот Пастрмка 2012 е задоволен од начинот на заштита на рибниот фонд како и од соработката со надлежните институции.

„Оваа година со вештачкиот мрест имаме голема физичка заштита од рибочуварската служба на струшкиот регион благодарение на инспекциските служби со нивна голема помош и благодарение на Министерството за земјоделие. Така да се надеваме дека годинава ќе имаме повеќе икра и повеќе риба и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top