Охрид ставен во Прирачникот на ООН

Работата, ангажираноста, ентузијазмот и се она што е сработено во однос на прекугранична соработка за заштитата на Охридското Езеро, Женева седиштето на ОН го нотира во прирачникот за имплементација на светската конвенција за прекугранични води. Водичот за имплементација од печат излезе декември месец минатата година.

 |  Николоска Биљана  | 
priracnik
прирачник

priracnikОхридското Езеро се најде во луксузниот прирачник за имплементација на светската конвенција за прекугранични води. Со тоа му се дава посебно значење на Охрид од страна на Светската заедница која што е концентрирана на управувањето со прекуграничните води. Според Дејан Паноски од Билатералниот Секретаријат Светската заедница дава до знаење дека е сензибилизирана и знае што се случува со охридско – преспанскиот регион, а воедно ги знае и потребите за заштита на квалитетот на водата и заштита на целиот слив на овој регион. Додава дека проблемите околу заштитата на Охридското езеро се детектирани и следува фаза на нивно решавање.

„Во ОН односно во Женева каде што е седиштето на Европската економска комисија не гледаат на лични барања, дали некаде нешто треба да биде застапено или не, тие ја гледаат работата, го ценат трудот, ценат се она што е сработено во однос на прекугранична соработка и активности околу заштита на Oхридското и во случајов Преспанското Езеро, кога ги проценаа тие активности и кога видоа посебно со добивањето на Дримскиот проект, тие активности се сериозни и се засилуваат тогаш сосема нормално препорачаа Охрид и дел од Преспа да бидат нотирани во прирачникот и да бидат пример како треба прекугранично, институционално да се управува со прекуграничните ресурси.“ – вели Паноски.
 
priracnikДодека во странство го ценат се она што се прави за заштита на езерото, се поставува прашањето до каде е свеста на охриѓани. Неодамна во организација на Здружението на рекреативни риболовци „Св Апостол Петар“, на Конкурсот за доделување награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд“ охриѓани самите себе си ја доделија наградата. Паноски смета дека со ова друштвото на рибари на еден невообичаен начин направило обид за подигање на јавната свест околу заштитата на целиот слив.

„Години наназад имало проблеми, но и добри потези. Проблемите се веќе идентификувани веројатно оние што се залагале за доделување на една таква награда сакале всушност да ја подигнат јавната свест кај граѓаните дека секој од нас како чинител е виновен за некаква девастација“ – смета Паноски.

priracnikТекстот за заштитата на Охридското Езеро и фотографијата на Охрид се наоѓа на 37 мата страна од Прирачникот на ООН. Самото тоа претставува бесплатна реклама во светот за познатиот балкански бисер. Инаку Паноски спомна дека како  Билатералн Секретаријат и претходно како Проект за заштита на Охридско Езеро преку низа активности и проекти донеле средства во државата со кои бил помогнат вештачкиот мрест. Паноски спомна дека со средества од проекти била санирана куќата и осветлена пештерата во НП „Галичица“ а исто така помогнале и на проектите кои се поврзани со пошумување на сливот на Сатеска како заштита од ерозија, како и проектот и одлуката за употреба на бесфосфатни детергенти против еутрофикација на Езерото. А во поголемите проектни средства кои ги обезбедиле како Билатерслен секретаријат Паноски ги напомена 100 000 евра за Заштита на Студенчишкото блато, Дримскиот проект кој со имплементација започнува оваа пролет како и проектот за Номинација на Биосферен резерват Охрид-Преспа под УНЕСКО.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top