Дел од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св Стефан ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо, Охрид. Исто така Министерството за здравство одлучи годинава болничката установа Св Еразмо да добие и најсофицистирана медицинска опрема.
Интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, Охрид. Директорот на Св Еразмо, Митко Тилев, вели дека зградата на постоечката карабина веќе се адаптира за тоа.
„Моментално ќе се направи карабинскиот дел кој ќе се отстапи спрема плановите на Министерството за здравство на Кардиолошкиот Завод каде што ќе се работи инвазивната кардиологија а со тек на време и рехабилитацијата на пациентите ќе се води во нашата болница. Тоа ќе биде заеднички центар каде освен ортопедија и траумтологија, неврохирургија, физикална рехабилитација ќе ги има и сите работи кои ги работи кардиолошкиот завод. Тое е во 2014 год и се надеваме да се отпочне во јуни месец со доопремување на најсофицистирана опрема“– вели Тилевски.
Поранешниот директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања и актуелен градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески околу решавање на просторниот проблем за нивната дејност, неодамна изјави дека биле разгледувани неколку варијанти. Меѓу нив била, реконструкција на специјалната детска болница, изградба на нов објект во дворното место на Св Еразмо или во дворното место на Општа болница Охрид. Но сепак експертскиот тим на Министерството за здравство како најдобра опција во предвид ја зело зградата на постоечката карабина во Специјалната болница за ортопедија и треуматологија Св Еразмо.
„Изработена е комолетна проектна задача која што во овој момент ќе претрпи измени според потребите кои што ние ги бараме како професионалци кои што работат во Заводот за кардиоваскуларни заболувања и стручниот колегиум и посел усвојување на една таква комплетна проектна задача ќе може да се пристапи кон реконструкција односно на изградба на современ функционален простор каде што ќе биде сместена дејноста“ – изјави д-р Бакрачески.
Според најавите на менаџерскиот тим на болницата Св Еразмо, годинава покрај предвиденото фузионирање со Заводот за кардиоваскуларни заболувања оваа установа согласно одлука на Министерството за здравство ќе добие најсовремен томограф, дигителен рендген апарат и останата софицистирана медицинска опрема.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град