До болницата Св Еразмо, без сигнализација по стариот пат

Регионалниот пат Охрид – Струга или како што охриѓани и стружани милуваат да го кажат стариот пат покрај езеро, е запоставен. Покрај лошата патна инфраструктура, овој патен правец ги нема потребните сообраќајни патоказни табли ниту пак е осветлен. Впечатокот на јавноста е дека надлежните  треба да посветат повеќе внимание бидејќи овој пат води до реномираната Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо.

 |  Николоска Биљана  | 
erazmo
еразмо

erazmoСтариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво осветлување. Првиот човек на болницата д-р Митко Тилевски, беше отворен за соработка. Тој истакна дека постојат објективни и субјективни проблеми кои мора да се решат затоа што болницата не е само на стружани и охриѓани туку е на целата држава, а и на пациентите од соседните земји. Во поглед на подобрување на условите за безбедност на пациентите кои гравитираат на ова подрачје во неколку наврати се обиделе да побараат решение за проблемите од надлежните, но нивните напори за тоа досега останале само на збор и ветување.

erazmo„Во неколку наврати уште во 2007 година баравме на тогашните локални самоуправи на Охрид и на Струга да дадат некој придонес да се овај пат направи подостапен за пациентите и за вработените кои доаѓаат. Пред се да се постават автобуски постојки каде што ќе можат пациентите и вработените додека чекаат превоз да се заштитат во случај на невреме. Како што видовте јас и покрај писменото барање и лично остварив контакт со бившото локално раководство но од нивна страна не се најде решение да се тоа среди, со македонија пат тогаш направивме некој напор се асфалтира дел од пред болницата, се направи едно пешачко острово за да биде побезбедно за самите патници не се дозаврши поради одредени средства да се осветли патот, тој дел пред влезот од болницата.“ – вели Тилевски.

Тилевски кажа дека проблем претставува и патот од Туристичка накај Гоце Делчев што води до нивната болница, бидејќи истиот години наназад се крпел и никако да се доведе во нормла согласно посточеките сообраќајните прописи. Директорот, како што изјави, не се откажува од намерата да обезбеди пристапност до  болничкиот комплекс и во таа насока остварил средба и со актуелното локално раководство.

erazmo„Со дел од раководството на Локалната остварив контакт ги замолив за овие проблеми да ги решиме во најскоро време, бидејќи дел од нив се на Локалната дел на Македонија пат. Контактирав и со раководството на Македонија пат да се најде некое решение пред се да се обележи местото на влезовите од градот кај Подмоље, Битола и Охрид. Исто така контактирав и со сообраќајната полиција барав почеста контрола од нивна страна, бидејќи овој патен правец е доста небезбеден и брзо се вози“.

Грижата за регионалниот пат Распаќе – Струга – Радожда, е на Агенцијата за Патишта. Неофицијално, ТВМ дознава дека годинешната програма на Агенцијата за патишта сеуште не е помината на Влада, како и тоа дека во истата не била предвидена никаква инвестиција, во делот на патот што поминува низ општина Охрид, освен тековно одржување за дел од регионалниот пат. Од Агенцијата за патишта побаравме одговор на нашите прашања, односно дали во годинешната програма е предвиден  некаков зафат на овој патен правец, како и тоа дали планираат да постават сообраќајни знаци и останата патна сигнализација за осветлување и означување на патот посебно воделот на болницата Св Еразмо. До затварање на дневникот од Агенцијата за патишта не добивме одговор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top