Кристијано Роналдо, по втор пат ја освои престижната „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот играч во светот.
Кристијано Роналдо, по втор пат ја освои престижната „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот играч во светот.
Португалецот, во изборот на селекторите и националните селекции кои се членки на ФИФА и новинарите, освои вкупно 1.365 поени.
Најдобриот играч и стрелец на Реал, во изборот ги победи Лионел Меси (1.205 поени) и Франк Рибери (1.127 поени).
Својот глас за најдобрите во светот на фудбалот во 2013 година го дадоа и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, односно селекторот Зоран Стратев.
Интересно, Пандев воопшто не гласал за Роналдо и Меси, напаѓачот на Наполи пет поени му доделил на Рибери, три на својот поранешен соиграч Кавани, а еден на Фалкао.
Што се однесува до Стратев, гласовите им ги дал на Меси, Рибери и Роналдо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град