Се чисти Охридското Кале

Се расчистува шумскиот дел на Охридско Кале, од суви гранки и секаков вид комунален отпад. Активностите се изведуваат рачно поради специфичноста на теренот кој се третира. Оваа акција ја спроведува Охридски Комуналец во соработка со Локалната Самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 
akcija komunalec
акција комуналец

akcija komunalecСе отстрануваат сувите дрвја, бршлени и трња низ шумскиот дел на охридското Кале. Се чисти на два потега, на делот од вториот чинар до Горна Порта и од Горна Порта до амбулантата Воска, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Дел од активностите се редовни, додека дел се спроведувааит по налог на Фондот за Комунален развој и се во соработка од Локалната самоуправа, вели Стефан Маслов – координатор на проекти од јавна хигиена во ЈП. Додава дека со оваа голема акција на пешаците ќе им биде овозможено непречено движење по патиштата а исто така и на возилата.

„Охрид претставува репрезентативен град, ова е дел од припремите за престојната туристичка сезона 2014 година, знаете дека стариот град е најпосетен од стрена на туристите и ние како ЈП ставаме посебен акцент на овој дел од градот каде што се движат најголем дел од туристите, се работи за фрекфентен потег, значи отстранети се сите суви гранки кои претставуваа опасност при движење на самите туристи но и на двокатниот автобус и останатите автобуси кои се движат во стариот дел на градот и се паркираат на паркингот Горна Порта.“

akcija komunalecСамо за една недела колку што се екипите на терен, подигнати се 16 до 20 метри кубни непресован комунален отпад, гранки трња итн, нагласува Маслов. Во моментов се чисти потегот пред црквата Перивлепта, кој години наназад бил запуштен и преполн со смет, додава тој. Маслов категоричен дека повеќе од се потребна е соработка и со месното население.

„Значи како ЈП, иницијатива наша е отстранување на сите диви депонии, расчистување на сите јавни површини кај што е депониран и расфрлан комуналниот смет, но сепак не би биле успешни доколку немаме соработка со граѓаните, нормално потребна ни е нивната поддршка и совесно однесување на граѓаните.“

Поради специфичниот терен, активностите кои ги изведуваат екипите на ЈП „Охридски Комуналец “ во шумскиот дел од Охридското Кале се спроведуваат рачно.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top