Во Струга започнаа ангажманите за дочек на Нова Година

Угостителските објекти  ги исполнија кацитетите речиси во целост. Во овој град, новата година ќе ја дочекаат гостите од Бугарија, Грција, Албанија како и Словенија.

 |  Билјана Ќосеска  | 
tabla
табла

Угостителските објекти  ги исполнија кацитетите речиси во целост. Во овој град, новата година ќе ја дочекаат гостите од Бугарија, Грција, Албанија како и Словенија.

Стружани ги започнаа подготовките за дочек на Нова Година. Сопствениците на  хотели, ресторани, дискотеки и кафулиња, веќе го финализираат  концептот за највеселата ноќ во годината.
Иако сеуште е рано, сепак поголемиот број на угостителски објекти во Струга, веќе ги имаат продадено или резервирано капацитетите. Интересот вообичаено е голем. Стандардно Новата година во Струга ќе ја дочекаат гости од Албанија, Бугарија, Грција, Словенија и секако во голем број се и гостите од нашата земја.

“Воглавномимаме аранжмани до 2-3 дена а цената се движи од 139 до 199 евра вои зависност што вклучува во нив.Овој начин на прослава е вообичаен  иако гостите се чувствува дека бараат малкуи промени, но сепак останува да славиме како и досега“-вели Љурзим Бакал од  Хотел Дрим.

TulamurИ оваа година, речиси скоро сите угостителските објекти во Струга  ги нудат истите цените како претходните години.Висината на надоместокот зависи од категоријата на објектот, менито на новогодишната трпеза, бројот на пијалоците и забавниот дел. Цените се движат од 2 илјади до 12 илјади  денари. Со прифатливи понуди нудат и  кафулињата и дискотеките во Струга.

„Tullamore dew “организира новогодишен дочек по цена од 700 денари. Бројот е ограничен, локалот има капацитет за околу 150 прославувачи. Веќе започнати се резервациите за дочек во нашиот локл“вели  Зоран Ѓоргоноски сопственик на Tullamore dew.
Цените по  струшките кафулињата и дискотеките, се движат од 500 до 1500 денари. Стружани веќе почнаа да прават резерваации за дочек на Новата 2009-та година.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top