Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов.
Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите.
Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“.
Ваквата акција на бесплатно лизгање за основците во утврдени термини на ротациона основа продолжува и во останатите денови од месец јануари.
Покрај за основците, Општина Охрид обезбеди бесплатно користење на лизгалиштето и за децата од социјално ранливите семејства и од Здружението на деца заболени од дијабет. Со овој проект на бесплатно лизгање Локалната сака да им го доближи овој вид спорт и да им овозможи уживање на мраз на сите лица кои во други услови истото не би го реализирале.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град