Настоски во домот на Мона

Со плик во рака, новогодишно пакетче и облека, советникот Љупчо Настоски и годинава не ја заборави малечката Симона Јовеска. Тој и овој Божиќ ја посети во нејзиниот дом. Мона е девојчето кое за жал сеуште живее во светот на темнината, но сепак, самата таа верува и има преголема желба да  ја види светлината на денот.

 |  Николоска Биљана  | 
mona
мона

nastoskiЉупчо Настоски и годинава за Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Охридскиот советник, не ја заборави малечката Мона, која што сеуште за жал живее во светот на темнината. Но новина е тоа што Мона веќе излегува од својот дом и научила многу работи во Дневниот Центар „Доброљубие“, каде што се образува.

„Еден, сва три четири, десет. Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор“.

Малечката Мона ја чуствуваме како дел од нашето семејство, вели Настоски. Тој раскажа дека посебно бил трогнат кога Мона на 27 декември минатата година го побарала на телефон и му рекла „Чичко Љупчо ти годинава ме заборави“

nastoski„На најголемиот христијански празник дојдов да ја посетам да и посакам добро здравје и што поскоро видување. Прво би бил најсреќен човек на земјинава топка кога малечката Мона би можела да ме види, бидејќи очигледно ме чуствува“.

Самохраната мајка на Мона, Гордана Силјаноска цврсто е решена се да направи за подобро утре на нејзиното трето чедо. Таа изрази посебна благодарност кон луѓето и институциите кои и помагаат, но и револт кон одредени институции за коишто таа смета дека треба да ја посетат.

„Голем поздрав до вработените во Дневниот Центар „Доброљубие, посебно до наставничката Марија која со посебна љубов и почит се грижи не само за мојата Мона туку воопшто за сите деца и им ги честитам празниците. По четврти пат голема благодарност кон Настоски и петтиот пат посакувам моето дете да види која е особата што не ја заборава, бидејќи има некои што ја заборавија.“

Силјаноска вели дека Мона многу напреднала во секој поглед откако започнала да го посетува Дневниот центар во Црквата Св. Горѓија. Таа длабоко е убедена и живее во надеж дека можеби утре ќе се оствари нејзиниот најголем животен сон, нејзиното девојче да прогледа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top