Христос се роди-навистина се роди. Со овој поздрав православните христијани денес се поздравуваат и си посакуваат најубави желби за здравје, мир и благосостојба. Се слави еден од најголемите христијански празници-Божик.
Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.
Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“.
Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет. Раѓањето на Исус Христос треба да го избави човештвото од гревовите и да го издигне паднатиот човек. Светите молитви, мирисот на темјан, кои се шират од секој храм допринесуваат за една вистинска празнична атмосфера.
Божик како семеен празник се слави во домот. Му претходи четириесетдневен пост, а на денот на празникот трпезата е богата.
Со желби за многу здравје, радост и среќа граѓаните го дочекаа овој голем ден, денот на Христовото раѓање. Бог му вети спасение на родот човечки и на овој голем празник се извршува таа промисла Божја.
Нека ни е честит Божик!
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град