Никако да се изготви сообраќајната студија за градов

И летово режимот на сообраќај ќе се регулира без да се базира врз некои посериозни научни истражувања. ДА се надеваме дека ќе се изнајдат начини за да се избегне хаосот

 |  Јаковлева Лионела  | 
rezim na soobracaj
режим на сообраќај

И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови.

Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше  сообраќаен хаос во градов. Студијата е неопходна, вели Томислав Тунтев, координаторот на советничката група од коалицијата За подобра Македонијарежим на сообраќај

Тунтев призна дека и нему не му успеало заедно со претходниот состав на локалната да ја изготват сообраќајната студија, па посака тоа да го реализираа оваа локална заради добробит на сите граѓани кои во летниот период мака мачат по охридските улици. Тој предложи да се изнајде некое времено решение за летово кое доаѓа посебно во стариот дел од градот како не би се создавал толку непосакуваниот сообраќаен хаос.   Влегувањето на возилата, рече Тунтев мора да е регулирано дали со бар кодови, со рампи или со поставување луѓе кои ќе вршат контрола, сеедно, а за таа намена побара да се издвојат пари од буџетот на општината. Од секторот за сообраќај и комунален развој рекоа дека средства за регулација на сообраќајот во летниот период веќе се планирани и ветија дека уште отсега сериозно ќе се зафатат со изготвување на сообраќајната студија, како овој проблем би се решил трајно, а не времено.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top