Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки

Последната несреќа која се случи на планината Галичица и во која животот го загуби 40годишен албански државјанин, исфрли на површина многу проблеми.

 |  Јаковлева Лионела  | 
galicica
галичица

Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.планинари

Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една ваква акција. Се јавивме преку МВР и побаравме да биде организирана, но ни беше кажано дека временските услови не го дозволуваат тоа. Кога се качивме на Магаро видовме дека времето и не е така лошо. Момчето повеќе од два часа одкога паднало во провалијата давало знаци на живот и ако навремено се интервенираше можеби и имашењ некакви шанси да преживее, вели Антонио Додевски, член на спасувачката екипа.

Додевски со револт кажува дека екипата за интервенции на планина која во рамките на Црвен крст фунционира веќе седум години последна дознала што се случило на Галичица.

Никој не ни се јави да ни каже што се случило. Јас дознав од медиумите. Откога и полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата и увиделе дека ништо не можат да сторат не повика нас. Тука изгубивме уште два часа, изјави Додевски.

planinariТој објаснува дека од технички аспект акцијата била сложена бидејќи самиот настан се случил на поголема надморска височина, а пристапот до телото на настраданиот бил многу тежок.  Тој кажува дека едвај стигнале до местото на настанот затоа што немаат теренско возило соодветно за вакви интервенции. Тргнале со патничко возило кое за среќа ги искачило превоите на Галичица бидејќи немало многу снег. Опремата која волонтерите ја користеле при спасувачката акција била нивна сопственост и се што било направено било направено со натчоивечки напор со минимални средства за работа само со силната воља на спасувачите. Додевски вели дека никој ниту пред оваа акција ниту по неа не ги прашал како функционираат и како се снаоѓаат за опрема, за гориво и за се она што им е потребно за спроведување на вакви акции. Тој неможе да верува колку односот и на државата и на локалната е индолентен кон оваа спасувачка екипа па не сакаат да се погрижат за нивното нормално функционирање. Додевски кажува дека многупати и тие самите си го ризикуваат сопствениот живот за да спасат нечиј друг. Досега имаат учествувано во многу спасителни акции, а за тоа немаат добиено ниту благодарност. Овој искусен алпинист се надева дека некој конечно ќе се сети дека постоењето на оваа спасувачка екипа во планински услови е и тоа како важно за нашиот град, но и за целата држава.

{loadposition content9

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top