Дали повторно ќе се отворат училишните мензи

Локалната да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, побара советникот Јоне Станкоски. Секретарот на општината тврди дека нема  оправданост за ваквата заложба бидејќи интересот кај учениците и родителите е минимален.

 |  Јаковлева Лионела  | 
skolo
школо

Топол оброк и здрава храна за децата во основните училишта. Ова го побара советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата.

Општина Охрид во основните училишта има 4800 деца. Локалната самоуправа би требало да субвенционира по 300 ден. за секое од нив за тоа да може да се храни во училишните мензи. Околу 300 деца се од социјално загрозени семејства каде општината би требало целосно да го покрие трошокот, рече Станкоски.uciliste

 На годишно ниво  општината од буџетот би требала да издвои 15 мил. денари за оваа намена. Станкоски објасни дека секое училиште и не мора да има сопствена кујна. Храната може да се подготвува во една централна кујна и од таму да се дистрибуира. Тука може да се вклучи и детската градинка Јасна Ристеска бидејќи има кујна опремена по сите стандарди или Црвен крст на кој би му се опремил еден ваков објект во кој би ја подготвувале храната и би ја доставувале до училиштата. Овој проект според Станкоски би се реализирал со почетокот на учебната 2014-2015год.
Секретарот на Општината, Димитар Спасески пак рече дека не ја гледа оправданоста на ваквата заложба за повторно отварање на училишните кујни.

Многу мала е заинтересираноста и кај учениците и кај родителите за повторно воведување на топол оброк. Децата повеќе сакаат одморот да го минуваат надвор одколку да чекаат ред во училишната менза за да земат храна, рече секретарот

Предлогот на советникот Станкоски овојпат не беше прифатен од советниците иако добар дел од нив го поздравија и рекоа дека треба сериозно да се размисли како да се реализира во иднина за доброто и здравјето на нашите деца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top