Власта е слатка ама брзо паѓа, ќе памтиме и ќе враќаме, нема повеќе да останеме мирни. Вака денес на прес конференција им порача Ванчо Костоски од ВМРО- НП на владеачката гарнитура од ВМРО – ДПМНЕ. Тие изнесоа низа забелешки околу предвидениот буџет за 2014 година кој треба да се донесе во понеделник, но најавија и серија амандмани за буџетот.
Буџетот на општина Охрид за 2014 тежи 960 300 000 денари. За неговиот износ кој е повисок за 170 милиони денари од оној во минатата година бројни забелешки, изнесоа од ВМРО – НП на денешната прес конференција. Ванчо Костоски претседателот на партијата истакна оти сака да ги потсети членовите на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ на нивните бројни критики кон минатогодишниот буџет кој бил нарекуван, предизборен, криминален, неразвоен.
„Во буџетот се предвидени 120 милиони денари предвидени како приход кои што треба да влезат од кредит. И без нив сепак имаме зголемување на буџетот за 50 милиони денари како основен буџет без оние од кредит. Така што паѓаат во вода сите оние кажувања на ВМРО- ДПМНЕ во минатата година дека е катастрофален и неразвоен и дека е во прилог во престојните избори односно за вработување.“– вели Костоски.
Костоски се осврна и на приходната страна од буџетот. Тој запраша дали таа ќе се зголеми, ако сите знаеме дека заради големата сиромаштија секој ден се затвараат фирми, а во буџетот по тој основ предвидено било зголемување од 600 000 денари. 30 милиони денари плус предвидени биле и во урбаната сфера. Костоски повторно прашува дали со тоа се дава поттик на градежната експанзија и дали се предвидува масовно да се гради во Охрид. А според него капитални расходи како ставка се најитнересни и најмистериозни. Тука од 3,6 милиони ставката скокнала на 12 милиони, а од програмата не можеле да видат за што се тие пари бидејќи ги немало во програмата, па останувало нејасно за што ќе се трошат овие 12 милиони денари. Свои забелешки имаше и на расходната страна.
„Имате зголемување од 8 милиони денари расход, трошоци по основ на Совет на општина Охрид. Значи Советот е пак 23, тука влегуваат плати, патувања и други трошкови, значи 8 милиони денари повеќе ќе потроши Советот. Градоначалникот ќе потроши 700 илјади денари повеќе, значи оваа година предвидени средства него минатиот градоначалник. Администрацијата што е симптоматично од 124 милиони на 134 милиони зголемување тоа се 10 милиони денари повеќе за општинската администрација значи тоа се за нови вработувања бидејќи тоа е по основ на плати“ изјави Костоски.
Претседателот на ВМРО – НП, наброја уште низа ставки каде според нив има непланско зголемување на буџетските средства, и забележа оти оваа гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ не води сметка за спортот во градов бидејќи тука има намалување за речиси 8 милиони денари. Во таа насока советникот Јоне Станкоски нагласи дека ова било најава за гаснење на многу спортови во Охрид. Додека пак од реализација на капитални проекти како што беше најавата за затворен пливачки базен нема ниту абер освен изградба на едно песочно одбојкарско игралиште.
„Драстично се намалени ставките во спортот и ова е еден апел до луѓето кои што работат со спортот да знаат со колку средства да очекуваат од Локалната самоуправа во 2014 година. И онака претходниот мал буџет беше недоволен за да го ставиме спортот на здрави нозе. Одредени спортови во Охрид згаснуваат“ – вели Станкоски.
И за крај од ВМРО – НП информираа дека за наредната седница која што е закажана за понеделник ќе поднесат мноштво амандмани со цел да им дадат до знаење на општинските портпароли дека не се безидејни. Најважен според Костоски е проектот во образованието ‘’Топол оброк за сите деца’’, со кој е предвидено децата здраво да се хранат преку отворање на заборавените мензи кои постоеја во училиштата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град