Добро здравје, хармонична семејна средина и решавање на суштинските проблеми кои ги тиштат граѓаните им посака д-р Гордана Коњаноска, претседателот на охридскиот совет по повод престојните празници. Денес во О. У. „Ванчо Питошески“ 150 семејства од социјално ранлиивата категорија беа поканети на ручек и предновогодишна забава која ја организира Црвениот Крст во соработка со општина Охрид.
Сите заеднички да ја почуствуваме магијата на престојните празници. Новогодишни пакетчиња, топол оброк, дружба и забава, добија лицата од социјално ранливата категорија на граѓани на Охрид, од Црвениот крст и Локалната самоуправа. Во името на Локалната самоуправа новогодишните и Божиќните празници ги честита претседателот на охридскиот Совет д-р Гордана Коњаноска.
„Локалната самоуправа е постојано со тенденција суштински да ги решава проблемите на сите ранливи категории односно на сите единки од нашето општество и тоа е во насока на подобрување на економскиот амбиент, отварање на нови работни места и суштинско решавање на проблемите кои што ги тиштат овие категории на луѓе, меѓутоа не треба да ги заборавиме и овие симболични настани во кои што ќе приредиме моменти на уживање, радост и исчекување на подобра иднина“.
Претседателот на Црвениот Крст од Охрид Сашо Точков, кој во текот на цела година реализира бројни хуманитарни акции за ранливата категоријана граѓани, изрази благодарност до Локалната самоуправа која годинава покажала слух да помогне за да се реализира предновогодишниот ручек.
„Секако дека продолжуваме и понатака но сепак би сакал да апелирам до сите оние фирми институции од корпоративниот сектор кои што навистина барем за овие празници можат повеќе да покажат дел од својата хуманост и да се вклучат во активностите. Ги покануваме во текот на месец јануари имаме голем број на активности кои се насочени токму кон помагање на ранливите категории на луѓе да се обрата до црвениот крст заенички да се организираме“.
Вкусниот празничен ручек беше подготвен во О.У. „Ванчо Питошески“. Децата заиграа, запеаа пред новогодишната елка и на крај добија подароци од Дедо Мраз, новогодишни пакетчиња. претставниците на Локалната самоуправа и волонтерите на Црвениот крст, заедно со Дедо мраз, пакетчиња подарија и во Дневниот центар на децата со посебни потреби како и на децата кои боледуваат од церебрална парализа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град