На гала свеченост во хотелот Александар Палас, ФФМ синоќа ги подели наградите за најдобрите во 2013 година.
Македонскиот репрезентативец Николче Новески ја понесе главната награда, најдобар македонски фудбалер за 2013 година.
“Ова е посебно признание од мене. Голема е честа да се биде најдобар фудбалер на својата земја” – изјави Новески по примањето на наградата.
Наградата за најдобар во домашното првенство ја доби напаѓачот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски а таа му беше врачена од новиот селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски кој му порача да продолжи со успешните игри доколку сака да биде дел од составот на репрезентацијата.
Првиот селектор на Македонија, Андон Дончевски ја доби наградата за животно дело.
Фудбалер на годината: Николче Новески (Мајнц)
Најдобар фудбалер во македонското првенство: Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)
Најдобар тренер: Благоја Милевски (Вардар)
Најдобар стрелец: Јован Костовски (Вардар)
Најдобар тренер во младински категории: Александар Васоски
Најдобар млад фудбалер: Марјан Радески (Металург)
Најдобар клуб во млади категории: Металург
Најдобар стрелец во младинските категории: Мартин Христов (Македонија Ѓ.П.)
Најдобра фудбалерка: Наташа Андонова (Турбине Потсдам)
Најдобар тренер во женска конкуренција: Астрит Мерко (АС Јунајтед)
Најдобар стрелец во женска конкуренција: Елена Јаковска
Најдобар футсал тренер: Зоран Лекиќ (Железарец)
Најдобар фудбалер во футсал: Драган Петровиќ (Скопје 2011)
Фудбалски работник на годината: Драган Поповски (претседател на ФК Работнички)
Фер плеј екипа: ФК Работнички
Најдобар судија: Димитар Мечкаровски
Награда за животно дело: Андон Дончевски (прв селектор на Македонија)
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град