Од визија до акција

Целосна поддршка од УНЕСКО за процесот на воспоставување на погрнични резервати во охридско – преспанскиот регион. Од албанската страна постојат проблеми кои имаат негативно влијание врз еко системот и природните резервати, а надлежните ветија нивно решавање. Додека пак од нашата страна сметаат дека сега кога ја имаме целосната поддршка од меѓународниот фактор и треба да се искористи моментот за да се обезбеди стабилна иднина на природните вредности, со посебен акцент на Охридското Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
pogradec
поградец

Од визија до акција. Од соседна Албанија Поградец започна иницијативата за воспоставување на пограничен биосферн резерват во охридско-преспанскиот регион. На албанскиот дел од охридското крајбрежје пограничните градови се соочуваат со два посериозни проблеми, изградбата на патот на брегот на езерото и ископувањата од рудниците кои имаат негативни влијанија на езерскиот брег. Заменик министерот за животна средина од Албанија Дијана Бејко, рече дека проблемите навистина се присутни и ресорното министерство утврдило дека има непочитување на Законот за заштита на еко системот и природните резервати. pogradecДодаде дека ќе преземат мерки кои се во нивна надлежност да се врати првобитниот облик на областа, секако согласно статусот на Охридското Езеро.

„Сите оштетувања кои што се предизвикани со изградбата на патот ќе бидат рехабилитирани од буџетот на проектот и на областа ќе и се врати идентитетот кој и бил нарушен. А што се однесува до рударските дозволи за ископување уште го разгледуваме тој проблем бидејќи дозволите биле доиздадени во еден период на премин, значи имаме увид во нив ќе ги разгледаме ќе видиме колку се валидни тие дозволи какви се нивните цели и какви мерки може да вклучиме за да се ублажат последиците“-  истакна Бејко.

На работилницата стана збор и за подготовките на проектот за номинација на албанската страна од Охридското Езеро да влезе под заштита на УНЕСКО. Според Филип Пиперт кој е одговорен за програмите на животна средина на регионалната канцеларија на УНЕСКО од Венеција, познато е дека проблеми има насекаде во светот и дека тоа му е познато на УНЕСКО. Но според него УНЕСКО не сонува за совршен свет туку за одржлив развој.

pogradecНемаме време за губење и одолговлекување на процесите за еколошка заштита и економски просперитет на охридско преспанскиот регион, изјави Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро. Додаде дека треба да се искористи позитивниот момент на политичката волја, човечки ресурси и меѓународна поддршка.

 „Биосферниот резерват е една од заедничките иницијативи која покажува дека заедничкиот именител на сите процеси што се одвиваат во регионот е УЕСКО. УНЕСКО може да помогне во заштита на сите вредности во регионот и не го исклучува одржливиот развој во регионот туку напротив го поддржува и стимулира. И затоа тој момент на присуството на УНЕСКО кој претставува една капа на целокупниот регион мора да се искористи за да се обезбеди една стабилна иднина на природните вредности, нивна стабилна заштита со посебен осврт на езерата и имајќи ги во предвид сите предизвици кои што во наредниот период ќе следат“- вели Паноски.

pogradecПретставникот на општина Охрид од ТЛЕР Антонио Балески, истакна дека општина Охрид уште од самиот почеток активно е вклучена во процесот на биосферниот резерват Охрид – Преспа.

„Оваа иницијатива е само еден дел од нашите заеднички настојувања за подобра прекугранична соработка и регионален развој, меѓутоа исто така и интегрална заштита на Охридското Езеро од двете страни. Исто така она што нас посебно не интересира е ефикасното управување со целата оваа проблематика“- нагласи Балевски.

Подрегионалната работилница на програмата Човекот и биосферата за прекугранична соработка се одржа во Поградец . Р. Албанија во организација на регионалното биро на УНЕСКО со седиште во Венеција, Италија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top