Нелегалниот риболов никако да се откорени но драстично е намален, информираат од Одделението за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата во Охрид при Државниот инспекторат за земјоделство. Концесионерот на Охридското Езеро Ристе Танасоски обелоденува дека годинава поднесени се околу 30 пријави против лица кои се затекната на дело како вршат незаконит риболов.
Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели дека контролите биле засилени и кај нашиот западен сосед, посебно во месеците кога се мрести белвицата и пастрмката. Концесионерот на Охридскот Езеро „Пастрмка 2012“ обелоденува дека годинва досега поднесени се околу 30 пријави против лица кои вршеле незаконит риболов, од кои само 3 се поднесени минатата недела.
Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека овој период од годината и за нив имало полни раце работа. Тие ги интензивирале надзорите, посебно во делот на прометот на риба во рибарниците, угостителските објекти и на сите места каде што се врши промет на риба. Државниот инспектор за земјоделство Јован Бојчески, вели дека и во иднина контролите ќе продолжат со несмален интензитет, со оглед на тоа што настапува периодот на мрест на пастрмката и белвицата.
„Во изминатиот период Државниот инспекторат спроведе широка акција за контрола и надзор на зелените пазари во Охрид, Струга и околните градови Прилеп и Битола каде е затекната поголема количина на риба претежно од преспанското Езеро, со оглед декка ние во овој момент имаме концесионер на Охридското Езеро на зелениот пазар во Охрид и Струга многу ретко може да се затекне риба која е од рибокрадците.
Бојчевски длабоко е убеден дека има драстично намалување на рибокрадството, што според него, тоа се должи на одговорноста на стопанот на Езерото, односно неговиот концесионер. Тој е категоричен дека рибокрадството како проблем не може да се сузбие и дека борбата помеѓу државата, концесионерот и рибокрадците ќе биде вечна. Но сепак Бојчоски упати апел до субјектите кои вршат промет на риба.
„Апелирам до сите потрошувачи, до сите субјекти кои вршат промет на риба да набавуваат риба само од места кои се овластени за тоа, односно од концесионери кои имаат договори со Владата на Р. Македонија“.
Бојчевски најави дека наскоро почнуваат со заеднички контроли со претставници на инспекциските служби од албанската страна во делот на заштита на рибниот фонд. Засега со албанската страна имале само размена на информации од оваа област.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град