Словенија заинтересирана за инвестиции во туризмот

Плоден состанок од кој што ќе произлезат конкретни проекти. Вака ја оцени градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денешната работна средба со словенечкиот амбасадор во Р. Македонија Бранко Раковец. Словенците сметаат дека Охрид има се што е привлечно за словенските туристи.

 |  Николоска Биљана  | 
slovenci
словенци

slovenciСловенците најзаинтересирани за инвестиции во туризмот. Денес словенечкиот амбасадор Бранко Раковец оствари работна средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Пред делегацијата на Р. Словенија беа презентирани можностите и капацитетите на општина Охрид за развој на економијата и реализација на потенцијални инвестиции. Градоначалникот Бакрачески изјави дека туризмот е она што Охрид може да го понуди на словенците како економска гранка во која ќе најдат интерес за инвестирање.

„Добивме податоци од регионалната стопанска комора дека бројот на словенски туристи кои престојуваат во Охрид во изминатите 5 години е константен што во бројка од прилика 13-14 илјади годишно што за нас е недоволно, мора да работиме на тој план и голем број на тие гости престојуваат кратко во Охрид во просек меѓу 2-3 дена, што за нас тоа е податок од кој што треба да поаѓаме за тоа како ќе ја градиме стратегијата за привлекување на туристи од Словенија“– вели Бакрачески.

slovenciГрадоначалникот Бакрачески пред амбасадорот Раковец ги презентираше и можностите за инвестирање во охридската индустрија, развојот на здравствен туризам, преработката на храна, а за прв пат на денешната средба и официјално била презентирана бизнис брошурата за Охрид, изработена од стручни лица од Локалната самоуправа. Словенечкиот амбасадор Раковец задоволен од денешната средба со градоначакникот Бакрачески и за иднина најави континуитет на средбите од ваков карактер.

Денеска имаме намера да ја посетиме „Леарница“, фирмата која вработува 400 луѓе и изработува резервни делови за авто индустрија за најпознатите светски брендови како што се БМВ, Ауди, Фолсфаген и други“- изјави Раковец.

Денешната средба на која што беше презентирана бизнис климата на Охрид пред словенците, беше по иницијатива на амбасадата на Република Словенија и Регионалната стопанска комора.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top