Тренески поденесе оставка

Никола Тренески, вршител на должност директор на охридската гимназија „Св Климент Охридски“ денеска на пресс конференција обелодени дека поднел оставка на функцијата и истата ја доставил до градоначалникот Никола Бакрачески. Како причина наведе дека му биле правени опструкции од одредени професори а посебно од членови на Училишниот одбор.

 |  Николоска Биљана  | 
gimnazija
гимназија

Тренески поднесе оставка до градоначалникот од функцијата в.д. Директор на ОСУ „ Св Климент Охридски“. Тој наведе неколку причини поради кои се решил на ваков чекор. Според него уште од првиот момент на неговото назначување, се соочил со целосна опструкција од страна на неколку професори, кои минатите години се етаблирале на позиции од кои ја контролирале работата на училиштето.

treneski„ Посебно Училишниот Одбор и нивниот претседател, кое како тело и претходно со притисоци постави директор на Гимназијата и се обиде и овој пат да изврши упад врз правните процедури и својот фаворит го предложи и очекува да биде поставен за директор на училиштето. Но , овој пат наместо потврда на нивните желби, добија соочување со законите и процедурите за именување на директор. Градоначалникот Бакрачески не влета во нивната партиско политичка мрежа и неговото инсистирање на законитост и отчетност на постапката, значеше непредвидлива ситуација за дел од фискултурната група од гимназијата „Св Климент Охридски.“  

Тренески истакна неколку моменти кои според него наведуваат на мотивите зошто оваа група се обидувала по секоја цена да раководи со гимназијата, која секогаш  била во функција на партиските опозициски агенди и сомнителни јавни набавки, како што е набавката на училишни униформи што било предмет на интерес на истражните органи.

 gimnazija„Има докази за ненаменско трошење на средства во минатите години по основ плаќање по ресторани и други непродуктивни трошења. Посебна активност оваа групација покажа за време на минатогодишните опозициски протести и кампањата за локалните избори. Наместо да се занимаваат со воспитување и образование на децата, тие бесрамно со закани по учениците и професорите кои не припаѓаа на нивната политичка опција, ги носеа по плоштади, само да ја реализираат партиската опозициска обврска која им беше дадена. Со тоа го уриваа достоинството на личноста, но извршија сериозен удар врз образовната институција кој има повеќе децениска традиција. Се обидуваат да ја оцрнат и мојта личност, да атакуваат н амоето семејство заборавајќи дека во оваа држава владее право и закони“.

Тренески очекува Локалната самоуправа, државните институции, наставничкиот совет и советот на родители, најитно да ја разрешат состојбата во гимназијата. Со поднесувањето оставка тој се надева дека во наредниот период ќе се реализираат сите законски постапки, процеси и разни училишни избори во образовната установа без притоа да се посочува на него за дирекно влјание како в.д. Директор врз истите. Додека пак на градоначалникот Бакрачески му изрази голема благодарност за довербата која му ја дал и истовремено го замоли да го донесе најсоодветното решение за прв човек на гимназијата како би се сочувал дигнитетот на оваа реномирана установа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top