Мерки за враќање на средната класа. Децентрализација на центрите за социјална работа, на примарната здравствена заштита, на секторот за јавен ред и мир, се само дел од дваесетината мерки за децентрализација на власта од програмата на СДСМ. Денeс лидерот на СДСМ Зоран Заев беше во работна посета на Охрид.
Охриѓани најдобро знаат што е добро за Охрид. Токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага децентрализација на власта во неколку сфери од општественото живеење, како граѓаните би одлучувале за доброто на општината. Овие пакет мерки доаѓаат со цел да се врати средната класа вели Заев.
„ Децентрализација на центрите за социјлни работи. Пренесување на оваа надлежност на општините ќе овозможи тренспарентност во одлучувањето во распределбата на социјалната помош. Општините имаат повеќе и подобри информации од МТСП, за тоа кој се навистина социјално загрозени граѓани, децентрализација на примарната здравствена заштита. Оваа мерка ќе овозможи унапредување, осовременување и доекипирање на превентивната и примарна здравствена заштита. Трета мерка, децентрализација на секторот за јавен ред и мир од Министерството за внатрешни работи кон општините. Преку пренесување на одговорноста, општините во иднина да се грижат за јавниот ред и мир. Ќе се создадат услови за зголемување на нивото на безбедност на граѓаните, но и враќање на мирот, безбедносниот ред и спокојот кај граѓаните.“– вели Заев.
Заев истакна дека општина Охрид е во безизлезна финансиска состојба за што зборува 10 години блокираната сметка на општината. Тој дециден дека овој проблем не е само на општината туку е проблем на целата земја и Владата има обврска да ги рашава, па отука порача.
„На последните Цела Македонија знае дека на последните локални избори СДСМ ја изгуби честа да ја води општина Охрид. Сега со општина Охрид управува ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески. Ја повикуваме Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ да ги превземе барем обврските и долговите на општината створени од изградбата, доградбата и санацијата на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро и со тоа да го стабилизира и нормализира работењето на општина Охрид. Се работи за околу 10,5 милиони евра. Секако, ако Владата реши и на друг начин да го реши големиот проблем со кој повеке од деценија се справува Охрид ние како опозиција ќе ја поддржиме“- истакна Заев.
Првиот човек на социјалдемократите ги спомна и мерките за реализација на капиталните проекти кои ги планираат, а тоа е продолжување со изградбата на патот Кичево – Охрид, изградба на патот Велес – Прилеп – Битола, конкретните мерките за вработување на младите посебно во туризмот и др. Исто така Заев одговори и на новинарски прашања. Беше запрашан каков би бил нивниот однос кон заштитата на културното наследство и и кое е нивниот став за идејата за изградба на развојни туристички зони на брегот на Охридскот Езеро. И Заев и претседателот на ОО на СДСМ Томислав Тунтев одговорија, дека треба максимална заштита, а развојот да се движи повеќе во периферијата на урбаните подрачја. Додека пак од аспект на децентрализација на власата, охриѓани да бидат тие кои ќе кажат и за Плаошник, и за културното и природно наследство во Љубаништа и Св Наум и сите многувековни наследства од културата, историјата и традицијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град