Дефинитивно, две години нема градење на Бејбунар. Ова синоќа пред охриѓани го соопшти министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
Нема градење на Бејбунар. Со оваа одлука на Министерството за транспорт и врски се срушија соништата на голем број охриѓани кои имаат свој имот во овој дел од градот. Синоќешната трибина на која присуствуваше Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски беше искористена за да се побара одговор зошто носењето на Деталниот урбанистички план за УЕ 8-Бејбунар е стопирано. Јанакиевски кажа дека министерството добило официјален допис од Управата за заштита на културното наследство со кој биле информирани дека е донесена времена мерка во период од две години за дополнително истражување на тој локалитет, по што со писмо ги информирале и градоначалникот и Советот во Охрид дека не треба да се носи ДУП за УЕ 8-Бејбунар.
Според министерот Јанакиевски во случајот нема политика, туку исклучиво се почитуваат законите.
Граѓаните кои се засегнати со случајот Бејбунар не се согласија со барањето на министерот да чекаат две години за да се направат истражувања на овој локалитет. Сопствениците на имоти во Бејбунар дури се подготвени да учествуваат во финснсирањето на археолошките истражувања само за да се забрза постапката околу донесувањето на ДУП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град