ВМРО – ДПМНЕ:СДСМ направи страшни долгови во образованието

СДСМ не може да зборува за образоването, бидејќи никогаш не презело мерки за подобрување на состојбите во таа сфера, обвинија денес од ОК на  ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев истакна дека СДСМ од вчера, забрзано го достигнал врвот на политичките интриги, небулози, обвинувања и лаги со цел да се амнестира од својата убедливо најпогубна политика некогаш спроведена во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

Страшни долгови и блокирани сметки во образованието. Тоа е епилогот од владеењето на СДСМ до април 2013 година, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев од редовите на владеачката партија, нагласи дека граѓаните како податок мора да знаат дека во месец април во моментот кога градоначалникот Никола Бакрачески ја превзеде функцијата, блокираните сметки на училиштата во Охрид по основ направени долгови изнесува над 10 милиони денари.

donev„Деновиве сметката на ОУ “Григор Прличев” е блокирана за дополнителни 9 милиони денари, како резултат на неплатени обврски направени во текот на 2011 и 2012 година. Вкупните долгови кои ги имаа основните и средните училишта во април 2013 година, ја надминуваа цифрата од неверојатни и фрапантни 80 милиони денари. Во сумата не влегуваат оние средства кои по основ на плата им се должат на времено ангажираните лица во образованието и техничките лица во училиштата.

Донев имаше забелешка и за средствта на блок-дотциите, кои според него не биле искористени за вистинската намена, односно дека од нив профитирала фирма блиска до СДСМ. Па оттука јавно побара одговор од советничките на СДСМ, Оливија Јанева Пирузева и Жаклина Лазареска каква била нивната улога во тоа време.

„Замислете  месечен училишен превоз по дете на релација Охрид-Велмеј се наплаќал по 9.000 денари, Охрид-Белчишта по 8.000 денари, а Охрид-Ресен по ВНИМАВАЈТЕ 11.000 денари, или за 4 пати поскапо од месечен билет на редовните линии. Повторувам еден месечен авто-билет за еден ученик за Охрид- Велмеј се наплаќал за 9.000 денари, а за Ресен дури 11.000 денари. Каде завршувале вишокот средства, чии џебови се полнеле, каква била улогата на сегашните советници и советнички од СДСМ во општинскиот Совет? vmro-dpmneНајголем дел од средтсвата за нафтата за греење, наместо за затоплување на објектите каде што учат учениците, се употребувала за атомобилите и автобусите во кои луѓето под закани и тортури секојдневно се носеа на протести и митинзи низ државата, реализирајќи ја насилната политика на СДСМ“.

На денешната прес конференција Донев кажа што се градоначалникот Бакрачески направил во образованието во периодот април-ноември, односно дека тренсверирал над 15 милиони денари, од кои средства се одблокирале сметките, се намалиле долговите и средства кои биле употребени за инвестициски активности. Исто така укажа дека Локалната смоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ има стратегија која ја спроведува, а чија главна цел е подобрување на условите во училиштата и во наставно – образовниот процес.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top