Која сака има можност доживотно да учи

Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење и Млади во акција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
konferencija
конференција

 

Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни.конференција

Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте.  Оваа година имаше 240 стипендисти, а од наредната година ќе има и повеќе затоа што од буџетот се издвоени 1.7 милиони евра за програмата за доживотно учење и 3.5 милиони евра за Млади во акција или двојно повеќе од лани, вели  Дарко Димитров -директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 Секретарот на општината Димитар Спасески рече дека овие програми за општина Охрид се многу важни затоа што претставуваат децентрализирано образование. Спасески потенцира дека 2014 ќе биде година на максимално искористување на европските фондови кои ни стојат на располагање а кои досега не биле искористени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top