Опозицијата повторно побара пред советниците да се најдат двете точки од областа на урбанизмот а да се одложи расправата за ребалансот на буџетот за 2013. Ниту еден од предлозите не помина.
Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки.
Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот од ВМРО НП.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев рече дека овие точки не биле ставени поради потребата за нивно дообработување.
Зачудува фактот што опозицијата толку инсистира овие точки да дојдат на дневен ред. Тоа не наведува да помислиме дека има некои лични интереси во позадина, рече Донев
Тој вети дека спорните точки ќе бидат ставени на дневен ред на некоја наредна седница.
Од страна на опозицијата беше побарано и одложување на точката од денешниот дневен ред која се однесуваше на ребаланс на буџетот. Како причина за тоа го наведоа отсуството на предлагачот.
Од позицијата објаснија дека градоначалникот нема законска обврска да присуствува на седниците и дека има преставници од изготвувачите и предлагачите на точката така што истата остана на дневен ред.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град