Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, синоќа во Охрид ја конституира својата 12 општинска организација. Лидерот на оваа политичка опција Стевче Јакимоски рече дека ГРОМ е партија која што ќе се бори за дескопјанизација на Македонија, бидејќи смета дека секој дел на земјава треба да има рамномерен економски развој.
Охриѓани покажаа голем интерес за Граѓанската опција за Македонија, која како структура во градов брои над 1200 членови, изјави Стевче Јакимоски лидерот на ГРОМ. Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа основачкото собрание на оваа политичка опција. Јакимоски истакна дека излегуваат со целосна понуда пред граѓаните на Охрид и неговите очекувања се дека како трета опција ГРОМ ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион.
„Во делот на економијата ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и сметаме дека повеќе пари треба да има за стопанството и граѓаните, а помалку за Владата. ГРОМ смета дека малите и средни претпријатија треба да се поддржуваат и стимулираат, за што се носители на развјот. Дека ориентацијата на граѓанството за вработување треба да биде кон приватниот сектор, затоа што тоа дава неограничени можности, а државната администрација е со ограничени капацитети. ГРОМ е партијамкоја што ќе се бори за дескопјанизација на Македонија затоа што смета дека живот треба да има во секој дел на Македонија и треба да имаме рамномерен економски развој. Ќе се залагаме за целосна децентрализација на Република Македонија во делот на социјална и здравствена заштита, во делот на јавната безбедност значи дел од униформираниот дел од полицијата да се префрли да делува на локално ниво“-изјаво Јакимовски.
Вчерашното основачкото собрание го чуствуваме како празник на политичката сцена во Охрид, истакна Љупчо Настоски, претседателот на ОО на ГРОМ .
„После основачкото собрание се појавува трета политичка опција која нема да биде со исто мислење од двете водечки партии. Така да не сакам да повторувам многу претседателот ги кажа ставовите, јас сум со истото негово мислење“ -вели Настоски.
На синоќешното основачко собрание на ГРОМ, едногласно беше усвоен деловникот за работа. Исто така беа формирани телата и органите на општинскиот огранок на партијата. За претседател на општинската организација на ГРОМ како што е познато е назначен актуелниот член на Советот при општина Охрид, Љупчо Настоски, додека пак во надзорниот одбор кој брои пет членови влегоа Никола Иванчиќ, Ацо Маринчевски, Марија Стоеска, Сања и Јордан Матоски. Општинскиот одбор има 31 член.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град