Вака било договорено на работната средба со градоначалникот Никола Бакрачески. За да започне целиот процес, се чека само одобрението за градба.
Конкретизирани деталите околу изработката и поставувањето на спомен обележјето за Богојавление-Водици. Кумот на оваа манифестација од 2012та година, проф.д-р Ванчо Чифлиганец кој е донатор на споменикот, остварил работна средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на која се разговарало токму за спомен обележјето. Чифлиганец вели дека она што го ветил, за скоро ќе биде и реализирано.
„Беше конкретизирано да го отпочнеме споменичното обележје. Еве утре ќе го добиеме одобрението за градба и фундаментот ќе биде готов за десетина дена. А скулптурата треба да се лие од три до шест месеци. Првата половина на новата 2014 година ќе имаме едно убаво споменично обележје во знакот на големата христијанска традиција-Водици.“-рече проф.д-р Ванчо Чифлиганец-Кум на Водици 2012
Инаку како идејно решение за спомен обележјето за Водици, на конкурс беше избрана скулптурата „Фаќач на крст“, дело на авторот Ангел Коруноски од Велес.
Скулптурата ќе биде изработена од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставена на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Висината на скулптурата ќе биде околу 3 и пол метри а постаментот ќе биде висок околу 2 метри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град