Проблемите од урбанизмот на видело

Проблемите од урбанизмот на видело. И овој вторник раководителите на Секторот за урбанизам остварија непосредна средба со жителите на сите урбани заедници од Охрид. Целта е да ги слушнат тековни проблеми на граѓаните од нивната сфера.

 |  Николоска Биљана  | 
urbani sredbi
урбани средби

urbani sredbiШеесетина граѓани на Охрид беа денес во малата општинска сала на средба со стручните екипи од Секторот за урбанизмот. Натрупаните и со години нерешени проблеми од урбаната сфера сеуште ги тиштат охриѓани, но најакутен проблем според она што повеќето од нив го кажаа е легализацијата на бесправно изградените објекти. Некои од граѓаните излегуваа задоволни а некои не. Дел од нив со коментар како гледаат на ваквите средби.

„Многу сум задоволен посебно што ни рекоа дека во петок ќе ги имаме документите в раце. Однапред се заблагодарувам на екипата што беше тука. Одобрението за параклисот го баравме и за дел од легализацијата за тоа што ни бараат од на суд“.
„Мислам дека е убава иницијатива, можеби поубаво  организационо треба да се осмислат тие средби како ќе течат, поголем период од еднан до друга средба да се даде, иначе одлично сето тоа одлично е решено. 00:30+00:33 Проблемот ми беше околу откупот на земјиштето кое што јас го користам во згеада околу 20 години во охридати, меѓутоа не може да се излезе во пресрет, не би разлагала од кои причини засега останува статус кво, кога ќе се изврши трансформација на земјиштето, тогаш ќе дојдам во предвид и јас“.

urbani sredbiОценката и на Локалната самоуправа од досегашните средби со граѓаните е дека охриѓанисе најзасегнати токму од легализацијата. Општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски вели дека овие средби на граѓаните стручните служби од урбанизмот се одлична можност непосредно да им биде одговорено на прашања поради кои долг период наназад киснеле низ ходниците во општината.      

„Мислам дека Локалната самоуправа го направи вистинскиот потег во врска со оваа проблематика. Една од целите на ваквите средби со непосредната комуникација со засегнатите граѓани ќе се заштеди и во време и во средства а најмногу во нерви, претпоставувам бидејќи на лице место ќе можеме да се разбериме конкретно за конкретни ситуации“ – изјави Џамтоски.

Следната средба меѓу граѓаните и стручните лица од Секторот за урбанизам ќе се одржи на 19 ноември, вторник од 09 до 15 часот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top