Конкурс за раководни лица во Охрид

Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена.

 |  Николоска Биљана  | 
biljanini
билјанини

Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена. Со сите  ЈП во градов во моментов управуваат в.д директори. Во охридската јавност деновиве најактуелна беше состојбата во ЈП „Билјанини Извори“, каде вработените по оставката на Иван Цветкоски барале во најкус рок поставување на директор. Градоначалникот  со став.

biljanini„Оставката ја имам разгледано и не се имам произнсесно по оставката. Значи се додека не донесам решение за разрешување сеуште таму директор е постоечкиот в.д. директор. Така да тоај претпријатие не е оставено без директор. Вршителот на должност има одговорност и должности кои што ги имал и претходно и мора да раководи со тоа претприијатие совесно и одговорно онака како што и петходно раководел, односно онака како што налагаат законите. Така да штом размислиме за соодветно решение за поставување на директор ќе го донесам изборот“.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека од сите директори на ЈП, сите раководители на сектори како и директорите на училиштата кои тој ги поставува на тие одговорни функции, ќе бара да работат посветено, отчетно и транспарентно пред граѓаните на Охрид, согласно законската рагулатива.

„Нема да дозволам било кој директор или било кое раководно лице да се однесува недомаќински со било кое ЈП во градов “.

А за да се увери дека директорите нема да отстапуваат од одговорното работење во интерес на граѓаните, Бакрачески ќе продолжи со своите ненајавени посети на ЈП.

{laodposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top