Ранохристијанска базилика и објект од доцната антика пронајдени кај Љубанишко поле

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид пронајдоците ги откриле на две локации, на кои биле утврдени повеќе значајни наода, делови од градежни структури, како и остатоци од средновековна црква изградена од камен.

 |  Мишел Наумоски  | 
bazilika
базилика

crkva Ljubanisko poleОткриени значајни пронајдоци на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко поле. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид во досегашните истражувања на двете локации од овој локалитет утврдиле повеќе значајни наоди, и тоа делови од градежни структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии од 12 метри должина и 7 метри ширина. Во официјалното соопштение од Завод и музеј стои дека:

„Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика изграден од камен, малтер и редови тули. Објектот е со широчина од 13 метри, а во тек е истражувањето на должината за која се претпоставува дека е над 17 метри. За време на сондирањето, констатирано е добро зачуван мозаичен под кој е високо технички и уметнички изведен, со фитоморфна орнаментика. Исто така на самите ѕидови откриени се и фрески.“

ranohristijanska bazilika„Во текот на истражувањето пронајдени се и повеќе елементи од камена пластика, а во моментов се работи на откривање на западниот ѕид. На втората локација за време на истражувањата откриен е дел од еден поголем, комплексен објект, кој според претпоставките на археолозите, е од профан карактер. Според одредени показатели, објектот, временски припаѓа на доцната антика и најверојатно станува збор за цивилна градба“.-стои во официјалното соопштение од Завод и музеј-Охрид.

Инаку археолошките активности за оваа година планирано е да завршат на почетокот од идниот месец, по што Завод и музеј ќе пристапи кон утврдување на границите на локалитетот и изработка на заштитно-конзерваторските основи. Следната година е предвидено да се доистражи, конзервира и презентира самиот локалитет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top